Дома Фудбал Лига на шампиони Јаневски: По промашениот пенал добивме позитивна енергија, одигравме одлично второ полувреме

Јаневски: По промашениот пенал добивме позитивна енергија, одигравме одлично второ полувреме

Mакедонскиот шампион Вардар sо резултат од 2:1 се враќа од гостувањето кај руски Зенит во мечот од петтото коло во групната фаза на Лигата на Европа.

Ова е петти пораз за Вардар во пет натпревари и е со најмала разлика во однос на досегашните резултати.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Двете екипи одигравме добар натпревар. Очекувавме притисок на Зенит во првите 15 минути и наша цел беше да не примиме гол во тој период, иако тоа не се случи. Примениот гол не беше тешко да се одбрани. По пеналот за противникот што нашиот голман го одбрани, добивме позитивна енергија, но неиздржавме до крајот на првиот дел и примивме уште еден гол. Задоволен можам да бидам од второто полувреме во играта, во нападот и во ударите кон противничкиот гол и на моменти бевме подобри. Постигнавме и убав гол на крајот. Одигравме многу подобро од дуелот во Скопје, но не сум задоволен од крајниот резултат“,истакна по натпреварот тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…