Големи промени во аргентинскиот гигант.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Фудбалерите на Бока Јуниорс остана без титулата во Копа Либертадорес и тоа на најболен начин со пораз од најлутиот ривал Ривер Плата.
Цената за овој пораз ја плати тренерот на Бока, Гиљермо Баросо Скелото кој вчера заработи отказ.
„Најдобра работа за Бока е да започна со промени во новата година. Ќе побараме ново решение за тренерската позиција и наскроо ќе го соопштиме“, истакна претседателот на клубот Даниел Ангеличи.
Покрај него седеше и самиот Скелото.
„И покрај поразот во Копа Либертадорес горд сум на се во клубот бидејќи го дадовме максимумот. Ова е најдобра одлука за сите“, изјави Скелото кој на клупата на Бока помина две ипол години.
#GraciasGuille pic.twitter.com/BykXeuu23q
— Boca Jrs. Oficial (@BocaJrsOficial) December 14, 2018