Дома Фудбал Останато Ја добивме првата земја во Европа која го прекина првенството и прогласи шампион

Ја добивме првата земја во Европа која го прекина првенството и прогласи шампион

Белгијците се првата земја во Европа која објави крај на првенството.

Титулата во Белгија е доделена на Клуб Бриж кој беше прв пред прекинот на првенството поради пандемијата со коронавирусот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во квалификациите за Лигата на шампионите ќе оди второпласираниот Гент, а околу останатите позиции за излез во Европа решение се уште нема бидејќи постои плеј-оф за тие позиции, плус одигрувањето на купот кој има влијание на излегувањето во Европа.

Белгискиот сојуз мора да најде решение околу тоа. Одлуката се уште не е донесена, но се шпекулира дека нема никој да испадне и тука се поставува прашањето што со оние кои треба да одат еден ранг погоре? Засега тоа не е решено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германскиот гигант по 14 години повторно ќе игра во Лигата на шампионите

Со синоќешната победа на Борусија Дортмунд над ПСЖ во првиот натпревар од полуфиналето на …