Дома Трансфер зона Јувентус ја одреди цената за Влаховиќ, Арсенал спремен да ја плати

Јувентус ја одреди цената за Влаховиќ, Арсенал спремен да ја плати

Арсенал е во потрага по врвен напаѓач, а најголема желба на тренерот Артета е ѕвездата на Јувентус, Душан Влаховиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на фудбалерот со гигантот од Торино истекува во јуни 2026 година, а неговата плата наскоро ќе порасне на 12 милиони евра по сезона, вклучувајќи ги и бонусите.

Јувентус му нуди нов договор, но преговорите одат тешко, а Влаховиќ на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, кој е во потрага по напаѓач, а најголема желба на Артета е токму Влаховиќ.

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус ќе бара 60 милиони евра за Влаховиќ, сума која Арсенал е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…