Дома Фудбал Јувентус остана со празни раце: Араухо ќе потпише нов договор со Барселона

Јувентус остана со празни раце: Араухо ќе потпише нов договор со Барселона

Роналд Араухо повторно се најде во центарот на вниманието поради шпекулациите дека би можел да ја напушти Барселона и да се пресели во Јувентус. Сепак, ваквите шпекулации се покажаа како неосновани, бидејќи играчот е блиску до потпишување нов договор со каталонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според новинарот Фабрицио Романо, кој ретко греши во своите објави, Араухо и Барселона постигнале договор за продолжување на соработката.

Деталите околу новиот договор биле договорени оваа недела, а останува само да се финализираат неколку административни аспекти на претстојниот состанок, по што договорот ќе биде официјално потпишан.

Со ова, Барселона успева да задржи еден од своите најважни дефанзивци, кој веќе стана столб на одбраната на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете како Хааланд му се потсмеа на Руни и го потсети на даденото ветување (Видео)

Ерликнг Халанд пред четвртфиналето на Светското првенство против Англија испрати шеговита …