Дома Останати Кошарка Јокиќ повторно блескаше на теренот, но залудно – Денвер доби сериозна шлаканица (Видео)

Јокиќ повторно блескаше на теренот, но залудно – Денвер доби сериозна шлаканица (Видео)

Болен пораз беше доживеан од Денвер минатата ноќ пред своите навивачи. Ниту одличната игра на Никола Јокиќ не му помогна на Денвер да избегне убедлив пораз од Минесота, која триумфираше во „Бол Арена“ со резултат од 115:95.

Тоа беше трет пораз на екипата на Мајк Мелоун од Тимбервулвс оваа сезона.

Никола го заврши натпреварот со 34 поени (13/23 шут од игра), осум скока, четири асистенции и три украдени топки.

Јокиќ ќе имаше многу повеќе асистенции, ако неговите соиграчи погодуваа нешто на овој меч.

Блескаше Никола Јокиќ од самиот почеток, но залудно – остатокот од тимот целосно подведе. Најплатените играчи после Јокиќ, Џамал Мареј и Мајкл Портер Јуниор заедно имаа во првото полувреме 1/13 од игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…