Романскиот тим вчера ја отпушти Хеле Томсен откако Букурешт славеше со 30-23 против Бистрита

„Да точно е. Уште пред натпреварот знаев дека ќе добијам отказ“, изјави Данката за „ТВ2 Спорт“. „Знаев за тој параграв уште кога дојдов тука, па затоа отказот и не ми е некој шок. Загубивме неколку натпревари во Лигата на шампиони и не игравме баш добро на сите натпревари. Клубот сака да направи промена пред четвртфиналето и јас го прифаќам тоа“, изјави Томсен.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Букурешт сезонава финишираше на првото место во групата, но во главната фаза заврши на третото место зад Ѓер и Ростов. Во четвртфиналето во ЛШ ќе игра против Мец. Лани се случи истото сценарио, кога пред четвртфиналето отпуштен беше Орелан Роска, а на клупата на романскиот тим седна Пер Јохансон. Тој го одведе Букурешт до третото место на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ембид стави потпис на еден од најскапите договори во историјата

Кошаркарот на Филаделфија, Жоел Ембид потпиша нов тригодишен договор со екипата вреден 193…