Дома Трансфер зона Ѕвездата на Рома на чекор од трансфер во Јувентус

Ѕвездата на Рома на чекор од трансфер во Јувентус

Актуелниот шампион на Италија, Јувентус на лето повторно ќе пазарува од Рома, и тоа по добро познат рецепт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Бјанконерите“ пред три години ја активираа откупната клаузула за Мирален Пјаниќ и го донесоа во Торино, а сега сакаат истото да го направат со Костас Манолас.

27-годишниот грчки репрезентативец е на мета на неколку европски гиганти, но наводно преферира да остане во Италија и е спремен да му каже ДА на Јувентус.

„Старата дама“ на лето ќе прави реконструкција и подмладување на одбраната. Де Лихт е блиску до трансфер во Барселона, Варан е скоро „невозможна мисија“, па ќе се насочи кон Манолас.

Јувентус е спремен да ја активира откупната клаузула во договорот на Манолас која изнесува 36 милиони евра, па останува уште да ги договорат личните услови со дефанзивецот.

Тоа не би требало да биде проблем, со оглед на фактот што менаџер на Манолас е Мино Раиола, кој има одлични односи со раководството на „старата дама“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека токму Раиола бил иницијатор за трансферот и го понудил својот клиент на „бјанконерите“, кои нема да имаат проблем да ја платат откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…