Дома Топ вести Ѕвездата на Реал се сели во Премиер лигата

Ѕвездата на Реал се сели во Премиер лигата

Килијан Мбапе по завршувањето на сезоната, ќе го напушти ПСЖ и ќе се пресели во Реал Мадрид како слободен агент,  а тоа може да значи заминување на Родриго.

Поради големата конкуренција во нападот Реал ќе мора да се ослободи барем од еден напаѓач и веќе е донесена одлука кој ќе биде тоа.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Перез ќе го „жртвува“ Родриго кој може да замине за сума од 100 до 120 милиони евра.

Шпанскиот медиум „Спорт“ објави дека Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул се заинтересирани за Родриго и планираат да испратат понуди до Мадрид.

Споменатите клубови се спремни да понудат 100 милиони евра, а Бразилецот иако преферира да остане во Мадрид, сепак нема ништо против да се пресели во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алонсо од лето го презема Реал Мадрид

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…