Младата ѕвезда на Баерн Минех, Алфонсо Дејвис ќе биде надвор од терените следните два месеци поради повреда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Канаѓанецот се повреди уште во третата минута на мечот против Ајнтрахт, а според првите проценки ќе мора да паузира следните два месеци.
Баварците се надеваат дека ќе биде спремен за шест недели, но медиумите тврдат дека Дејвис завршил со фудбал за 2020 година.
Дејвис блесна минатата сезона во дресот на Баерн и е еден од главните кандидати за освојување на наградата „Златно момче“, за најдобар млад фудбалер во Европа.