Aкадемија Пандев нема да бара нов стратег, клубот ќе му даде шансе на Ѓорге Стојчев.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Информацијата дека Стојчев ќе го води клубот во вториот дел од сезоната ја потврди клубот преку социјалните мрежи.
„Ѓорге Стојчев е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Академија Пандев. Раководството на клубот одлучи дека Стојчев е најдоброто решение за тренер на сениорскиот тим и ја има целосната доверба од сите во клубот. Стојчев е дел од Академија Пандев од самото формирање, најпрво како тренер во младинските категории, а од пред три сезони и како асистент тренер во сениорскиот тим каде соработуваше со Југослав Тренчовски, Александар Таневски и Александар Васоски. Со среќа Шефе и ти посакуваме големи успеси!“, соопштија од Академија Пандев.