Дома Македонски спорт Ѓорческа не стигна до трофејот – поразена во финалето во Словачка

Ѓорческа не стигна до трофејот – поразена во финалето во Словачка

Најдобрата македонска тенисерка не успеа да ја освои титулата на ИТФ фјучерсот во Трнава, Словачка, откако загуби во финалната пресметка од Софија Лансаре.

Лина Ѓорческа имаше имаше одличен настап во Словачка, најпрво мина две квалификациски кола, а потоа доби уште четири натпревари во главната рунда со само еден загубен сет.

Најдобрата македонска тенисерка во финалето загуби од Русинката Лансаре во два сета (2-6,3-6) на фјучерсот вреден 25.000 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Брезовски прв излезе од водата, а олимпискиот триатлон го заврши како 24-ти

Марио Брезовски го освои 24. место меѓу 36 учесници на Младинските олимписки игри во Сенег…