Дома Останати Ѓоковиќ на нешто подолга пауза: Лактот го диктира ритамот

Ѓоковиќ на нешто подолга пауза: Лактот го диктира ритамот

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ донесе одлука, по учеството на првиот Гренд Слем сезонава да направи нешто подолга пауза.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ова воедно значи дека Новак нема да биде дел од Дејвис Куп дуелот помеѓу Србија и САД, но тука не е крајот.

Српскиот тенисер нема да учествува ниту на Мастерсот во Монте Карло, како ниту на турнирите во Акапулко и Истборн, што значи дека до средината на годината и третиот Гренд Слем сезонава ќе учествува на уште само пет турнири.

Ѓоковиќ во својот календар за првиот дел од сезоната, освен Австралија Опен го заокружи и Мастерсот во Индијан Велс, Мајами, Мадрид и Рим, како и вториот Гренд Слем, Роланд Гарос.

Ваквата одлука на српскиот тенисер не е неочекувана бидејќи го пропушти речиси цел втор дел од изминатата сезона поради повреда на лактот со која се уште се бори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…