Дома Останати Тенис Ѓоковиќ елиминиран од Дубаи, Медведев застанува на врвот на АТП!

Ѓоковиќ елиминиран од Дубаи, Медведев застанува на врвот на АТП!

Новак Ѓоковиќ изгуби од 123. тенисер на АТП листата Јиржи Весели од Чешка со 6:4 и 7:6 во четвртфиналето на турнирот од серијата 500 во Дубаи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Весели кој некогаш беше 35. тенисер во светот игра турнир од соништата – ги помина квалификациите, а потоа ги елиминираше Марин Чилиќ и Баутиста Агут, сега со феноменална игра го исфрли и Ѓоковиќ.

Со овој пораз на Ѓоковиќ е сигурно дека од следниот понеделник нов лидер на АТП листата ќе биде Данил Медведев. Ѓоковиќ на врвот на АТП листата помина вкупно 361 недела.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од мечот Денис Шаповалов и Ричардс Беранкис. Првото полуфинале е веќе познато и во него ќе се сретнат Андреј Рубљов и Хуберт Хуркач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бев уништен, плачев по цели денови“: Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест

Рафаел Надал освои 22 гренд слема во својата кариера. Кој знае колку би имал и како би се …