Дома Останати Ѓоковиќ вечерва дава исказ, па повторно во притвор

Ѓоковиќ вечерва дава исказ, па повторно во притвор

Судија Ентони Кели потврди дека Новак Ѓоковиќ нема да биде депортиран од Мелбурн до окончувањето на жалбата во врска со укинувањето на визата и дека случајот сега е префрлен во Сојузниот суд на Австралија.

Ѓоковиќ вечерва од 22 часот по средноевропско време, сабота наутро по локално време во Мелбурн, ќе оди на разговор со имиграционите власти и до тогаш нема да биде во притвор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По сослушувањето, Ѓоковиќ ќе биде однесен во притвор, се до новото сослушување кое е закажано за во недела.

На Ѓоковиќ втор пат му е укината визата, па случајот се префрла во Сојузниот суд на Австралија. Ова ги комплицира работите поради недостаток на време, бидејќи АО започнува во понеделник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …