Дома Видео Што се случуваше во Ротердам?

Што се случуваше во Ротердам?

Натпреварот од 11. коло во холандската лига помеѓу Фејнорд и Венло беше прекинат денеска поради недостаток на електрична енергија после само 35 секунди од почетокот на натпреварот,

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Само што топката тргна од центарот дојде до прекин на електричната енерги на стадионот. Играчите на двата тима ја продолжија играта, но набргу беше повторно прекинат.

Играчите чекаа 30 минити на теренот додека проблемот да се реши, но на крајот судијата одлучи натпреварот да не се одигра.

„Прекинот траеше предолго и одлучив натпреварот да не се одигра. Не се гледаше решение на проблемот и ова е логична одлука.“ – изјави судијата.

Директорот на стадионот Јан ван Мервијк се извини на навивачите.

„Жал ни е ова што се случи. Го локализиравме провлемот, но не успеавме да го поправиме. Разочарани сме.“

Навивачите со телефоните се обидуваа да помогнат. Комплетниот стадион беше осветлен, но судијата и покрај се не сакаше да го продолжи натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Oвој човек е легенда: Очоа застана рамо до рамо со Меси и Роналдо

Селекторот Хавиер Агире го објави списокот од 26 играчи кои ќе го претставуваат Мексико на…