Дома Фудбал Англија Што зборуваше Мурињо во 2015 година за Тотенхем?

Што зборуваше Мурињо во 2015 година за Тотенхем?

Жозе Мурињо и официјално е назначен за нов менаџер на Тотехем. „Специјалниот“ после една година пауза, повторно се враќа во елитниот фудбал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ова ќе е трет клуб кој португалскиот стратег ќе го води во Англија, а медиумите на Островот веднаш го потсетија Мурињо што изјавил во 2015 година за Тотенхем.

„Никогаш не би можел да го водам Тотенхем затоа што сум премногу емотивно врзан за Челзи и за неговите навивачи“, изјави во 2015 година Мурињо.

Сега работите се променија, па Мурињо ја прифати понудата на претседателот на Тотенхем, Даниел Леви и ќе има можност да оствари значајни резултати со трет англиски клуб.

Сепак, оваа изјава фановите тешко дека ќе му ја простат, а ќе има тешка задача да го надмине својот претходник Покетино, кој остави длабока трага во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …