Дома Фудбал Останато Шпанците убедени: Модриќ ќе ги „прегази“ Роналдо и Салах!

Шпанците убедени: Модриќ ќе ги „прегази“ Роналдо и Салах!

Лука Модриќ, Кристиано Роналдо и Мохамед Салах ќе се борат за наградата на ФИФА за играч на годината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наградата ќе биде доделена во Лондон на 24 септември, а според медиумите во овој момент фаворит за освојување е Хрватот, Модриќ кој неодамна ја однесе наградата за најдобар играч во Европа.

Шпанскиот весник, „АС“ кој е со седиште во Мадрид направи и анкета на оваа тема во која убедливо победи токму Модриќ.

Околу 84% од читателите на „АС“ гласот го дале за Модриќ во анкетата во која учествувале 23.000 читатели. Роналдо освоил 12%, додека најдобриот играч на Ливерпул, Мо Салах освоил само 4%.

Анкета спроведе и медиумот со седиште во Барселона, „Мундо Депортиво“ и тука резултатите беа слични. Модриќ добил 74% од гласовите, Салах 17.%, а Роналдо 8.1%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…