Ѕвездата на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара преку своите агенти му се понудил на Реал Мадрид, тврди шпанскиот медиум „Дон Балон“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Притоа, тој лично му се јавил на тренерот Јулен Лопетеги и му кажал дека е спремен да ја напушти „Алијанц Арена“ во самиот финиш на преодниот рок. Стратегот на „кралевите“ бил заинтересиран бидејќи е голем симпатизер на неговата игра.
Лопетеги имал разговор со претседателот Флорентино Перез и му соопштил дека сака да се реализира трансферот, а наводно и агентот на Алкантара имал разговор со Перез, но тој категорично го одбил трансферот.
Алкантара е продукт на школата на Барселона од каде во 2013 година за 25 милиони евра се пресели во Баерн Минхен.