Дома Фудбал Шпанците немаат дилеми. Ако Лопетеги денес не победи – заминува!

Шпанците немаат дилеми. Ако Лопетеги денес не победи – заминува!

Реал Мадрид вечерва од 21:00 часот игра против Викторија Плзен во рамки од третото коло во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во поголем дел од случаите кога би се сретнале овие два тима, би се очекувала лесна победа на Реал, но не и денес. Реал Мадрид минува низ еден од своите најлоши периоди во историјата и тренерот Лопетеги ќе добие отказ доколку нешто брзо не се промени.

Шпанската „Марка“ и новинарот Жунамо Кастано во својата емисија „Ел Паридазо де Коп“ тврди дека Лопетеги ќе добие „шут карта“ ако денес не победи.

„Сценарио еден: Реал победува против Викторија Плзен и Лопетеги ќе биде тренер и против Барселона. Сценарио два: Кикс на Реал и Лопетеги заминува. Негов заменик ќе биде веројатно Антонио Конте“, изјави Кастано, а слично мислење имаат и уредниците на „Марка“.

„Ќе добие отказ во следниот пораз, а можеби дури и ако победат. Реал игра многу лошо. Според нашите информации тимот е слабо физички подготвен и нема идеја како да играат, не го користи Винисиус Жуниор, а клубот за него плати 40 милиони евра и што е најважно – не победува“, пишува „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …