Примера Сантадар наскоро заминува во историјата, а од сезоната 2023/2024 шпанското првенство ќе има ново име.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Банката Сантадер која долги години беше главен спонзор ја прекинува соработката со фудбалската лига во Шпанија. Новото име се уште не е откриено и тоа ќе се случи во август кога ќе се потпише новиот спонзорски договор.




Примера во последните пет години ги подигна приходите со своите спонзори. Претходно добиваше 50 милиони, а сега таа сума е 155 милиони евра годишно. Двојно беа зголеми и примањата од телевизиските права.




Во 2017 година се продаваа за 825 милиони евра, а сега за 1.6 милијарда евра.