Дома Фудбал Репрезентации Шпанија го доби најмладиот репрезентативец во историјата

Шпанија го доби најмладиот репрезентативец во историјата

Луис Енрике го објави списокот на повикани фудбалери за октомврскиот циклус квалификации за СП, а на него се најде и Пабло Мартин Паез Гавира или познат како Гави.

Станува збор за фудбалер кој е дел од Барселона и тој стана најмладиот фудбалер во историјата кој се нашол на списокот на повикани фудбалери во сениорска конкуренција. Гави има 17 години и 62 дена и е првиот од генерацијата родени 2004 кои ќе имаат можност да настапат за една сениорска селекција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред Гави најмлад Шпанец беше Ангел Зубиета која на списокот на сениорската репрезентација се најде со 17 години и 284 дена уште во далечната 1956 година. Во продолжение погледнете го комплетниот список на повикани фудбалери:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…