Дома Фудбал Англија Шпанецот призна: Кога се поздравиле Биелса му поставил прашање на Пеп, а тој не знаел што да одговори

Шпанецот призна: Кога се поздравиле Биелса му поставил прашање на Пеп, а тој не знаел што да одговори

Кој не го гледаше натпреварот Лидс – Манчестер Сити пропуштил вистински спектакл. Двајцата фудбалски филозофи Биелса и Гвардиола дефинитивно не ги разочараа љубителите на фудбалот.

На крајот натпреварот заврши нерешено, 1:1. Граѓаните имаа водство после првиот дел, а тимот на нашиот Алиоски изедначи во продлжение.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крајот на натпреварот го одбележи емотивната средба помеѓу менторот и ученикот. Биелса и Гвардиола срдечно се поздравија и разменија некоја реченица.

Во изјава после натпреварот Гвардиола откри дека Биелса му поставил прашање на кое едноставно не знаел што да одговори во тој момент.

„Ме праша: Какво е твоето мислење за натпреварот? Му реков: Не сум во можност да го анализирам натпреварот после една секунда.“ – откри Пеп за Скај Спорт.

„Можеби е попаметен од мене. Ми треба време да го процесирам натпреварот, но беше одличен натпревар.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…