Дома Фудбал Англија Шоу на Воткинс: Астон Вила го понижи Брајтон! 🎥

Шоу на Воткинс: Астон Вила го понижи Брајтон! 🎥

Фудбалерите на Астон Вила славеа убедлива победа од 6:1 против сезонава одличниот Брајтон.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Брајтон игра одлично од почетокот на сезоната, но денес Унаи Емери целосно го надигра својот колега на спротивната страна, Роберто Де Зерби. Резултатот беше отворен по само 14 минути игра кога Матија Кеш го пронајде Воткинс кој го постигна својот прв гол од денешните три.

Само седум минута подоцна Воткинс донесе водство од 2:0, а до крајот на првиот дел видовме и автогол на Еступинан. Со предност од 3:0 Астон Вила замина на паузата.

На стартот од вториот дел, Де Зерби реагираше и ги замени Велбек, Фергусон и Еступинан со Жоао Педро, Ансу Фати и Тарик Лампти. Гол за мала надеж за Брајтон постигна токму Фати, но набрзо Астон Вила постигна и четврти гол со хет-трикот на Воткинс и тука гостите веќе се откажаа. До крајот Рамзи и Даглас Луиз погодуваа за конечни 6:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(ФОТО) Спектакуларниот Столе Димитриевски

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно блесна во дресот на Валенс…