Дома Фудбал Англија Шокантни вести за играч од Премиер лигата: На само 24 години објави крај на кариерата

Шокантни вести за играч од Премиер лигата: На само 24 години објави крај на кариерата

Шокантни вести пристигнале за фудбалерот на Брајтон, Енок Мвепу. Репрезентативецот на Замбија на само 24 години мора да стави крај на кариерата поради срцева болест.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англискиот клуб утрово потврди дека Мвепу става крај на кариерата, а во јавноста се огласи и првиот доктор на клубот, Адам Брет.

„Ова е навистина голем удар за Енок, но неговото здравје и семејството се најважни и затоа ова е правилна одлука“, Брет.

Проблемот на Мвепу бил откриен откако му се слошило додека бил со репрезентацијата. Веднаш бил хоспитализиран во Мали, а подоцна во Брајтон му биле направени детални прегледи на кои се потврдиле лошите вести.

Во соопштението се наведува дека болеста била наследна, но се рефлектирала во подоцнежниот период од животот и никако претходно не можела да биде откриена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Прилично сум сигурен дека одиме дома…“: Селекторот на Шкоткса го прекина интервјуто за ББС после 23 секунди

Стив Кларк, селекторот на шкотската репрезентација, го прекина интервјуто за BBC само 23 с…