Дома Фудбал Италија Шок за Милан: Тешка повреда за новото засилување!?

Шок за Милан: Тешка повреда за новото засилување!?

Лоши вести за Милан и тренерот Винченцо Монтела. Италијанските медиуми соопштија дека Андреа Конти заработил тешка повреда на денешниот тренинг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конти не настапи на вчерапниот меч од ЛШ против Австрија Виена, поради ситна повреда здобиена во репрезентацијата, но денес се врати во тренажен процес со остатокот од тимот.

Токму на попладневниот тренинг Конти заработил повреда на коленото, а првичните прогнози се дека станува збор за оштетување на вкрстените лигаменти.

Доколку биде потврдена таа повреда на десниот бек му следува пауза од 4 од 6 месеци.

Андреа Конти ова лето пристигна на „Сан Сиро“ од Аталанта за 25 милиони евра и важи за еден од најталентираните десни бекови на Апенините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бројките велат, Нејмар е и тоа како важен за Бразил!

По подолго време, Нејмар се врати на теренот играјќи за бразилската репрезентација и ведна…