Хрватската репрезентација синоќа доживеа дебакл на гостувањето кај Шпанија и беше поразена со 6:0, а притоа го загуби и Шиме Врсаљко поради повреда.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Врсаљко на теренот помина само 20 минути и потоа беше принудно заменет поради повреда на коленото.
Според последните информации десниот бек најверојатно доживеал кинење на вкрстените лигаменти на левото колено. Хрватот денес ќе пристигне во Милано на детални прегледи за да се утврди комплексноста на повредата.
Ако прогнозите се потврдат, тогаш тоа ќе биде огромен шок за Интер, бидејќи Врсаљко ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.
Десниот бек ова лето пристигна на „Џузепе Меаца“ како големо засилување.