Најдобриот играч на Евертон, Ромелу Лукаку ги шокураше сите во клубот со одлуката да го одбие новиот договор, кој всушност беше најбогат во историјата на клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, Лукаку можеше да стане првиот играч во историјата на Евертон со плата од над 100.000 фунти неделно, клубот од „Гудисон Парк“ му понуди околу 140.000, но тој ги одби.
Дури и неговиот агент Мино Раиола неодамна изјави дека шансите Лукаку да го продолжи договорот со Евертон се готово стопроцентни.
Сепак, Белгиецот во моментов нема намера да стави потпис на нов договор. Тој оваа сезона има постигнато 19 гола и не крие дека негова најголема желба е да настапува во Лигата на шампиони.
Поради тоа медиумите го поврзуваат напаѓачот со неколку европски гиганти, пред се со Челзи, а Евертон наводно ќе бара минимум 60 милиони евра за неговата слобода.
Доколку замине од Премиерлигата, Јувентус и ПСЖ се споменуваат како најреални опции за него.