Најтрофејниот унгарски клуб Веспрем доживеа уште еден шок за крај на сезоната. По раната елиминација во Лигата на шампионите, денеска тимот на нашиот репрезентативец Дејан Манасков ја загуби и титулата во домашното првенство, која заврши кај најголемиот ривал Пик Сегед.

Веспрем денеска победи во плејоф реваншот со 29:26, но тоа не беше доволно за освојување на титулата, бидејќи Пик ја доби првата средба со 32:28 и на тој начин ја прекина доминацијата на Веспрем во унгарското првенство која траеше единаесет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…