Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија се засили со поранешниот кондициски тренер од репрезентацијата на Македонија

Шкендија се засили со поранешниот кондициски тренер од репрезентацијата на Македонија

Иван Јовановски – Карас кој беше кондициски тренер во репрезентацијата на Македонија додека Игор Ангеловски беше селектор ќе го засили таборот на Шкендија.

Соработката Шкендија ја потврди преку својот официјален сајт. Карас во Тетово пристигнува откако Ќатип Османи од неодамна се врати на кормилото на тетовскиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во минатото Јовановски беше дел од ЦСКА Софија и Лудогорец, потоа работеше во Баку од Азербејџан, па во турските Генчербирлиги и Ризерспор, Урал и Екатерингбург од Русија, додека во Македонија во Академија Пандев и Македонија ЃП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…