Европската куќа на фудбалот, УЕФА ја објави новата ранг-листа на клубовите на стариот континент и на неа се смета европскиот коефициент собран во претходните пет сезони.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кога се македонските клубови во прашање најдобро котира екипата на Шкендија која се наоѓа на 151. место.




Зад Шкендија следи Шкупи на 185. позиција, а другите клубови се под 300. место.




Трет на листата од нашите клубови е Македонија Ѓорче Петров на 356. позиција, потоа Силекс (361), Академија Пандев (382), Ренова (409), Струга Трим Лум (417) и Вардар и Работнички (418).