Дома Останати Ракомет Шишкарев: Тажен сум, сакав уште еднаш да играм за Вардар во „Јане“

Шишкарев: Тажен сум, сакав уште еднаш да играм за Вардар во „Јане“

Данил Шишкарев повеќе нема да заигра во дресот на Вардар, тоа стана јасно кога вчера ЕХФ ја објави одлуката да ги откаже сите осминафинални натпревари и на фајнл-форот во Келн да одат првопласираните екипи од А и Б групите.

Шишкарев од наредната сезона ќе го носи дресот на Веспрем. Рускиот ракометар жали што нема да има прилика да се прости од навивачите како што сакал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Очекував да се смени нешто затоа што здравјето е најважно. Сепак, тажен сум што нема уште еднаш да играм за Вардар во „Јане“, сакав уште еднаш да го почувствувам тој адреналин. Сакав и на најубав начин да се простам од навивачите како што и треба, но коронавирусот направи проблеми“, изјави Шишкарев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…