Дома Македонски спорт Мак ракомет Шишкарев останува во Вардар и следната сезона!

Шишкарев останува во Вардар и следната сезона!

Десното крило на Вардар, Данил Шишкарев останува во клубот најмалку уште една сезона откако постигна договор за продолжување на соработката.

Данил Шишкарев во Скопје дојде во 2014 година и настапот во Вардар му е прво интернационално искуство. Претходно, тој настапуваше во Русија, во екипите на Чеховски медведи и на Зарја Каспија Астрахан.

Со „црвено-црните“ веќе освои две шампионски титули во Македонија, а се закити и со трофејот од СЕХА лигата, а денес Вардар информираше дека го продолжил договорот на уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ја прегази Србија на стартот на турнирот во Охрид!

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“, отка…