Дома Фудбал Италија Шевченко пред големото дерби: Верувам во Милан, може да ја победи Рома!

Шевченко пред големото дерби: Верувам во Милан, може да ја победи Рома!

Викендов на програмата во Италија е големото дерби помеѓу Милан и Рома, а легендата на „росонерите“ Андреј Шевченко верува во победа на „росонерите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан игра променливо од почетокот на сезоната, но Шевченко е оптимист пред големото дерби и верува дека „росонерите“ можат да ги освојат трите бода.

„Победата над Ријека иако беше во последен момент ќе даде дополнителен морал по поразот во Џенова и пред дербито со Рома. Милан мора да победи, верувам дека се способни за тоа. Овој меч вреди повеќе од три бода и може да биде крстосница на сезоната. Оптимист сум и морам да бидам, моето чука за „росонерите“, изјави Шевченко.

Украинецот цели седум години го носеше дресот на Милан и е еден од најдобрите стрелци во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно ја одби првата понуда на Ман Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред и капитенот на…