Дома Фудбал Останато Шевченко воведува револуција во Украина: Судиите ќе се тестираат на полиграф

Шевченко воведува револуција во Украина: Судиите ќе се тестираат на полиграф

Во последно време во фудбалскиот свет се менуваат многу работи со цел грешките на судиите на теренот да се минимизираат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Воведувањето на ВАР технологијата даде огромен придонес за регуларноста на овој спорт на највисоко ниво, но Фудбалскиот сојуз на Украина на чело со легендарниот Андриј Шевченко подготви револуционерен предлог.

Имено, според италијанските медиуми, тој планира да воведе револуција и да ги испраќа судиите во украинската лига да се тестираат на полиграф.

Еднаш или двапати во текот на сезоната, судиите во Украина би биле пред детектор за лаги, а кој судија би го земал полиграфот би се избирал по случаен избор.

„Сакаме да знаеме кои судии се, а кои не се за оваа работа“, порача Шевченко во најавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пожарите го одложија дебито на Левандовски за новиот клуб

Дебитантскиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр мораше да биде одложен. Натпрева…