Дома Фудбал Швајцарците лути: Пред Европското првенство се пожалија на УЕФА за теренот

Швајцарците лути: Пред Европското првенство се пожалија на УЕФА за теренот

Фудбалскиот сојуз на Швајцарија испрати официјална жалба до организаторите поради лошиот терен на стадионот во Штутгарт.

Веста за жалбата поднесена од Швајцарија ја потврди и Европската фудбалска унија.

Швајцарците го одработија првиот тренинг во понеделникот на стадионот на Штутгарт на теренот кој беше поставен пред доаѓањето на швајцарската делегација.

Во понеделникот имаше и видео снимки од селекторот на Швајцарија Мурат Јакин како ја прегледува тревата, а од изразот на лицето веќе можеше да се погоди дека не е задоволен од состојбата што ја затекна на стадионот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…