Дома Фудбал Швајцарците ги променија корона правилата поради Роналдо

Швајцарците ги променија корона правилата поради Роналдо

Швајцарските власти потенцираа дека не ги признаваат британските ковид-пасоши и на стадионите може да има само гледачи со швајцарска или ЕУ потврда за вакцинација.

Меѓутоа, ги променија правилата за дуелот од Лигата на шампионите што ќе се игра во вторник во Берн, меѓу Јанг Бојс и Манчестер Јунајтед.

Навивачите на Јунајтед сепак ќе можат да дојдат да ги бодрат своите миленици, ќе има брзо тестирање пред стадионот кое ќе чини 50 фунти.

Англиските и швајцарските медиуми пишуваат дека Швајцарија се согласила на таков исклучок бидејќи тоа ќе биде првиот меч на Кристиано Роналдо во ЛШ после враќањето во Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед бара решение за нападот: Иван Тони е на списокот, една опција веќе отпадна

Повредата на Бенјамин Шешко го насочува Манчестер јунајтед кон јануарскиот пазар. Иван Тон…