Славниот германски клуб Шалке 04 продолжува со катастрофалните резултати оваа сезона и е се поблиску до преселба во втора лига.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако неодамна запишаа победа после цела година се очекуваше дека резултатите ќе се подобрат, но Шалке повторно беше поразен на домашен терен, овој пат од Келн (1:2).
Дефанзивецот Рафаел Чикос ги донесе Келн во водство во 31. минута од мечот, но Шалке израмни во 57-та минута преку Хоп.
Кога се очекуваше дека домаќините ќе освојат барем еден бод, стигна шок во 93-та минута кога Тилеман постигна гол за победа на Келн.