Дома Трансфер зона Шалке го откупува Конопљанка!

Шалке го откупува Конопљанка!

Бундеслигашот Шалке по завршувањето на сезоната планира да го откупи од Севиља договорот на Јевхен Конопљанка, пренесуваат германските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Украинскиот крилен напаѓач, на почетокот на сезоната, Севиља го испрати во Гелзенкирхен, чие раководство е задоволно од она што тој го прикажува на натпреварите.

„Иако не играше во неделата против Келн, ние сакаме да го задржиме и тоа и ќе го направиме. Конопљанка може да биде многу значаен играч за нас. Никој во Шалке не се сомнева во неговите фудбалски квалитети“, изјави спортскиот директор на клубот Криситијан Хајдл.

Конопљанка сезонава во Бундеслигата има постигнато пет голови на 16 натпревари колку што одигра, а Шалке неговиот договор ќе го откупи за сума од 12 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…