Дома Македонски спорт Чурлинов: Ќе дадам се од себе да се вратам што е можно побрзо!

Чурлинов: Ќе дадам се од себе да се вратам што е можно побрзо!

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов поради повреда нема да може да се стави на располагање на А тимот за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември) од групата во Лига на нации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лекарските прегледи потврдија дека напаѓачот на англиски Барнли не е во можност да му помогне на репрезентативниот тим за претстојните мечеви поради повреда на задниот бутен мускул. 

Фудбалерот се јави на социјалните мрежи обраќајќи се на навивачите на својот нов клуб, Барнли. 

„Ќе бидам надвор од терените поради повреда. Ајде заедно да му дадеме поддршка на тимот за натпреварите кои следуваат. Ќе дадам се од себе да се вратам што е можно поскоро“, напиша македонскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вака 40-годишниот голман стана херој против Шпанија – го одигра натпреварот на кариерата и заплака! (Видео)

Репрезентацијата на Зеленоортските Острови направи големо изненадување на Светското првенс…