Дома Фудбал Англија Чурлинов: Ова беше тешка сезона, се повредив, а потоа ништо не одеше

Чурлинов: Ова беше тешка сезона, се повредив, а потоа ништо не одеше

Maкедонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов сезонава не се наигра во Барнли, а најголема причина за тоа е повредата поради која беше подолго време надвор од терените.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во изјава за германските медиуми, Чурлинов истакна дека за него ова било тешка сезона.

„Не беше лесно, ја скинав тетивата на тренинг, а потоа ништо не одеше според планираното. Ми треба време да бидам на потребното ниво. Летната сезона ќе ја искористам да се вратам во на нивото на кое бев пред повредата“.

Низ медиумите се шпекулира негово можно враќање во Шалке.

„Во Шалке поминав фантастичен период и за мене најважно е да уживам во фудбалот. Ако сакаат да се вратам ќе донесам одлука. Претходно секако ќе се консултирам со менаџерската агенција и семејството“, изјави Чурлинов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…