Барселона вчера го победи Еспањол со 1:0 и остана колку-толку во игра за титулата на Шпанија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со таа победа Каталонците дојдоа на само еден бод од Реал Мадрид, но „кралевите“ имаат натпревар против Алавес и ако победи во последните три кола ќе влезе со четири бода предност.
Интересно е што тренерот на Барселона, Кике Сетиен не го интересира дали Реал ќе изгуби бодови.
„Не ме интересира. Ние се грижиме само за себе и тоа што они го прават не ме интересира. Ќе видиме што ќе биде“, изјави Сетиен.
По малку е бизарно еден тренер да не го интересира резултатот на ривалот со кој се бори за титула, но очигледно Сетиен има свои правила.