Дома Останати Кошарка Чудесниот Дончиќ го предводеше Далас до победа во првиот меч од финалето на Западната конференција

Чудесниот Дончиќ го предводеше Далас до победа во првиот меч од финалето на Западната конференција

Со победата над Минесота од 108:105, Далас поведе со 1:0 во финалето на западната конференција од плеј-офот на НБА во серијата која се игра на четири победи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Брилијантниот Кајри Ирвинг постигна 30 поени, од кои два клучни слободни фрлања на седум секунди до крајот за потврда на пресвртот и победата, но ова е триумф на Лука Дончиќ.

Словенечкиот феномен беше најефикасен на натпреварот со 33 поени, од кои 15 постигна во последната четвртина. Тој додаде 8 асистенции, 6 скока, 1 блокада и 3 украдени топки. Тие се покажаа како исклучително важни.

Сето тоа Дончиќ го направи со повредено, крваво десно колено и отечен лев зглоб, а во текот на играта од ударите прокрвари левото колено, кое дотогаш беше здраво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Андреј Јакимовски веќе не е кошаркар на Тренто!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски стави крај на соработката со Тренто, откако…