Дома Фудбал Останато „Чистка“ во ПСЖ, заминуваат Покетино и 10 фудбалери

„Чистка“ во ПСЖ, заминуваат Покетино и 10 фудбалери

Пари Сент Жермен доживеа уште еден неуспех и вчера беше елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа значи дека и покрај големите инвестиции и доаѓањето на големи ѕвезди, сепак и оваа сезона ќе се смета за неуспешна, па раководството ќе прави „чистка“ на крајот на сезоната.

Француските медиуми тврдат дека Покетино сигурно ќе биде сменет и „светците“ веќе бараат нов тренер, а на листата желби се Зидан и Конте.

Катарските сопственици најавија големи промени во тимот, па дури и Лео Меси не е сигурен, кој е најплатен, а игра под сите очекувања.

Клубот сигурно ќе го напуштат Икарди, Ерера, Ди Марија, Паредес, Вајналдум, Дагба, Курзава, Дрекслер и нормално Мбапе.

Заминувањето на Мбапе ќе биде најболно, но ПСЖ не може да го задржи и Французинот на лето ќе замине како слободен агент.

ПСЖ сигурно ќе има огромен буџет за засилувања и ова лето, а прва и најголема желба е Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

БИЛД: Четири германски ѕвезди одбиле да изведат пенал

ГЕРМАНИЈА беше елиминирана од Парагвај во осминафиналето на Светското првенство. Натпревар…