И репрезентацијата на Чешка одби да игра против Русија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Вчера својот став го искажаа Полска и Шведска, а сега по нивните стапки продолжи и Чешка. Полска треба да игра против Русија во март во полуфиналниот бараж додека Шведска и Чешка се вториот полуфинален пар и се можни противници на Русија.




„Чешката фудбалска репрезентација во никој случај нема да игра евентуален натпревар во баражот за СП против Русија“, стои во соопштението од фудбалскиот сојуз на оваа земја.




Ова е само една од низата препреки со кои се соочува спортот во Русија откако оваа земја изврши инвазија на Украина која трае веќе неколку дена.