Дома Фудбал Останато Чеферин за идејата на Перез: Тоа е лудо и себично!

Чеферин за идејата на Перез: Тоа е лудо и себично!

Претседателот на Флорентино Перез разговарал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за формирање на нова лига.

Според пишувањето на „Њујорк Тајмс“ Перез инсистира на создавање на ново натпреварување во кое би играле само најелитните и најбогатите клубови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа значи дека не го интересира ниту идејата за новиот формат со 32 клуба во Лигата на шампионите кој се најавува за 2024 година. Перез сака натпреварување со 20 клубови, поголем дел од топ 5 првенства.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин даде свој коментар и остро ја критикуваше идејата на Перез.

„Читав за овој луд план. Ако се вистините овие извештаи, овие предлози доаѓаат од претседател на клуб и осамен фудбалски администратор. Тешко е да се замисли поегоистична и себична шема. Тоа би го уништило фудбалот во целиот свет, како за играчите така и за навивачите и а оние кои се поврзани со оваа игра се поради интерес на мал број на луѓе“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…