Дома Трансфер зона Челзи троши 90 милиони за тандем од Рома!

Челзи троши 90 милиони за тандем од Рома!

Како што пренесуваат англиските медиуми, фудбалскиот клуб Челзи е заинтересиран за двајца играчи на Рома.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за играчот за врска Раџа Наинголан и дефанзивецот Антонио Рудигер со кои Конте сака да го засили својот тим за наредната сезона.

Наинголан е стара желба на Конте и се обидуваше да го донесе уште минатото лето, а медиумите тврдат дека ќе направи се за да го донесе на „Стенфорд Бриџ“. Италијанецот сака да ја засили конкуренцијата во средниот ред, особено поради фактот што следната сезона ќе игра во Лига на шампиони.

Рудигер е исто така голема желба на Конте бидејќи се вклопува во неговата филозофија и може подеднакво добро да игра и како бек и како стопер.

Медиумите пренесуваат дека „сините“ се спремни за тандемот на Рома да платат 90 милиони евра и се верува дека оваа сума ќе биде доволна за се убеди „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…