Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Баер Леверкузен, Хакан Чалканоглу.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Одличниот турски репрезентативец е голема желба на тренерот Антонио Конте кој смета дека токму тој играч може да биде одлична замена за Оскар кој се пресели во Кина.
„Сините“ наводно се спрмни да понудат помеѓу 20 и 25 милиони евра за неговиот потпис и сакаат да го донесат на „Стенфорд Бриџ“ уште во јануари.
22-годишниот Чалканоглу може да игра по крилните позиции, но и зад напаѓачите како вистинска „десетка“ притоа е многу добар при изведувањето на прекините.