Дома Топ вести Челзи спреми понуда за ѕвездата на Милан

Челзи спреми понуда за ѕвездата на Милан

Челзи е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2024 година, но Милан веќе започна преговори за продолжување на соработката.

Доколку не стави потпис до крајот на сезоната Милан ќе биде приморан да го продаде, а најсилен интерес за него покажува Челзи.

„Сините“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и е спремни да понудат 40 милиони евра за неговиот потпис.

Челзи засега не ја реши иднината на Нголо Канте и Жоржињо, кои имаат договори до крајот на сезоната, а тренерот Грем Потер не е премногу задоволен од Рубен Лофтус-Чик и Конор Галагер, па затоа сака да најде алтернатива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…