Според последните информации на медиумите на Островот, Челзи повторно е спремен да потроши голема сума на нови засилувања во јануари.
Најголемата желба на раководството е доведување на голгетер кој ќе ја поправи ефикасноста.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Најголема желба на Покетино е напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони кој е суспендиран поради нелегално обложување.
На крајот на јануари Тони се враќа на терените, а Покетино со 60 милиони фунти ќе се обиде да го доведе на „Стенфорд Бриџ“.
Од Брентфорд веќе најавија дека ќе го продадат одличниот голгетер, но само ако пристигне добра понуда.